Мишел Обама ги добива најскапите дипломатски подароци!

13 ноември 2014

Од мебел и храна, па сѐ до уметнички дела, членовите на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, изминатата година добиле подароци вредни илјадници долари од странските лидери.

Токму првата дама Мишел Обама ги добила најскапите подароци минатата година, според објавениот годишен извештај на Стејт департментот за примени подароци.

Стејт департментот во вторникот соопшти дека кралицата од Брунеи и подарила на првата дама на САД накит вреден 71.468 долари во 2013 – тата година. За возврат, Мишел и подарила обетки и прстен украсени со жолти сафири и дијаманти, се наведува во извештајот.

Тоа е речиси седум пати повредно од најскапиот подарок што го добил претседателот Обама – стаклени скулптури на сокол, вредни 10.400 долари од амбасадорот на Катар во САД.

Според етичките прописи на сојузната влада на САД, примените подароци мораат да се предадат на владата, освен ако оној кој ги добил, не реши да ги откупи тие предмети од Управата за општа служба.

Објавено:
13 ноември 2014
Категорија: 
Актуел