Кој плаќа за облеката на Мишел Обама

3 јуни 2014

MICHELLE-OBAMA-POOFY-DRESS

Мишел Обама и Војвотката од Кембриџ се жени чиј стил постојано се следи и кои ја имаат таа моќ да го променат местото на одреден бренд на модната сцена. Така, Мишел Обама го направи тоа носејќи ги моделите на Џејсон Ву и J.Crew.

Многу често добива пофалби за нејзиниот изглед, но многумина се прашуваат и кој плаќа за нејзината облека при извршувањето на должностите на прва дама? Сепак, нејзините должности и обврски не доаѓаат во пакет со плата или облека наменета за таа цел...

Кај Војвотката од Кембриџ ситуацијата е поинаква на пример, и за нејзиниот изглед финансиски стои кралското семејство, односно принцот Чарлс, а таа во никој случај не смее да прима подароци од дизајнерите или брендовите.

-Госпоѓата Обама плаќа за нејзината облека. За официјални, формални настани, или настани од јавен или историски карактер, како посета во друга држава, може облеката да и биде подарок од дизајнер и прифатено од владата на САД. Тие потоа се чуваат во Националната Архива - вели Џоана Рошолом, задолжена за односите со јавност на првата дама.

Оние парчиња што спаѓаат во категоријата „подароци“ се едни од најскапите парчиња кои Мишел ги носела, вклучувајќи ги и двата фустана од Џејсон Ву кои ги носеше на инагурацијата на претседателот Обама, како и фустаните на Каролина Херера, Наем Кан и други...

Michelle-obama-jas_2458384a

-Парчињата што се висока мода знаат да чинат и преку 20.000 фунти, и тоа е значителна сума што би се одбил од нејзиниот буџет наменет за облека, така што со подароците таа добива одличен „попуст“ - дополнува Џоана.

Што се однесува до нејзините помалку елегантни парчиња, Мишел Обама, односно нејзината лична асистентка Метерид Куп ги купува на снижување. Голем дел од парчињата се купени и на 40 проценти попуст.

Штедливото и паметно купување е контрадикторно со она на нејзините претходнички Лора Буш, Џеки Кенеди и Мери Линколн.

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Сцена