Несекојдневни моменти во историјата на патиките

11 април 2014

Од познатите старки, па се до патиките на висока платформа на Изабел Марант, историјата на овој модел обувки е богат со интересни ситуации, а за што точно станува збор погледнете во продолжение.

Кристен Стјуард на отворањето на кинескиот театар Grauman во 2011 година

Кристен Стјуард позната по улогата во вампирската сага „Самракот“ со текот на времето полека го менуваше стилот кога познатите дизајнери почнаа да се грижат за нејзините појавувања, но сепак како љубител на кежуал стилот, актерката се појави во патики од Ванс на отворањето на  кинескиот театар Grauman во 2011 година.

Кејт Мидлтон во 2012 година

Припадниците на кралското семејство знаат да откокнат од пропишаниот дрес код особено кога станува збор за спортска активност, а пример за тоа е војвотката од Кембриџ, која нормално носеше патики при играњето на хокеј.

„Spice Girls“ на доделувањето на MTV наградите во 1997 година

Трендот кој повторно доживува свој камбек, патиките со полна пета, кои беа познати во деведесеттите години, најдобра реклама добија преку женската група „Spice Girls“, а Викторја Бекам како и секогаш знае да се одвои од целата маса со чевли на висока потпетица.

„Сексот и градот“, 2010 година

Оние кои го пратеа серијалот и двата дела од филмот „Сексот и градот“ знаат дека главните хероини секогаш се дотерани во најнови креации со чевли од Маноло Бланик, Џими Чу или пак Кристијан Лубутан. Токму затоа интересно беше да се види делот со ретроспективата кога Кери носи Конверс патики пред да стане позната колумнистка во Големото јаболко.

Кара Делевињ на ревијата на висока мода на Шанел во 2014 година

Шанел на модната недела на висока мода во Париз дефинитивно го привлече вниманието на присутните, а пресуден момент беше последната креација, венчаница која ја носеше Кара, а која беше комбинирана со бели патики.

Кејт Босфорд во Лос Анџелес, 2012 година

Патиките со висока потпетица на Изабел Марант направија вистинска револуција, а доказ за тоа се и моделот кој Кејт Босфорд го носеше при прошетка низ улиците на Лос Анџелес.

Мишел Обама, 2009 година

Можеби сме навикнати да ја гледаме првата дама на САД секогаш дотерана во дизајнерски парчиња, но сепак стајлингот во спортска конотација, односно кардиган од J. Crew и би рекле не толку ефтините патики од Ланвин (540 долари) беа вистинско освежување во однос на аутфитите во кои сме навикнати да ја гледаме Мишел Обама.

Шајлин Вудли на забавата на Златните Глобуси

Шајлин не само што направи интересна комбинација на вечерна тоалета со патики, туку тие беа модел со прсти на нив.

Објавено:
11 април 2014
Категорија: 
Сцена