Што сè доби принцезата Шарлот за првиот роденден?

3 мај 2016

Британското кралско семејство вчера го прослави првиот роденден на принцезата Шарлот.

Така, според листата на подароци што ја објави Кенсингтонската палата , Шарлот во изминативе 12 месеци добивала разни интересни нешта, а една од нив е и сребрена тропалка од претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието и неговата сопруга, Анхелика Ривера. Сличен подарок, само од бело злато е исто така на листата, а сите тропалки што ги добила се во вредност од 30.000 фунти (околу 44.000 долари).

Инаку, принцезата добила писма со честитки и продароци од дури 64 земји.

Што се однесува до забавата во палатата, нема потреба да се потенцира дека била само за одреден број гости, кои пак донесоа уникатни и скапи подароци.

Комплетната листа ви ја пренесуваме во продолжение:

-тропалка од бело злато, украсена од дијаманти, рубини и сафири од  компанијата„The Natural Sapphire Company“

-тропалка од брезово дрво, рачно изработена  од Киран Хоган, изработувач на корпи

-сет од свилени декорации, со сликата на „Сон во црвениот павилјон“  од кинескиот претседател Кси Џинпинг

-слагалица, плишана играчка – кучето „Бо“, столче-клацкалка и бебешко ќебе доби од претседателот на САД, Барак Обама и сопругата Мишел

-бајки од Ханс Кристијан Андерсен од премерот на Британија, Дејвид Камерон

-скафандер, книга и добротворна донација од околу 75.500 долари од поранешниот канадски премиер Стефен Харпер.

-скафандер од „Велингтон Рагби“, Нов Зеланд

-пижами од „Њу Зеланд Рагби“

-мечиња, кебенца, плетени чевличиња изработени од волна од премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки.

-розово фустанче со натпис „From Israel With Love“  од претседателот Ривлин од Израел

-ќебе од мерино волна и донација од 5.200 фунти (околу 7.500 долари) од владата на Австралија

-традиционално палто од кралот и кралицата на Бутан

-сет од биоразградливи пелени од Пипа Мидлтон

Објавено:
3 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.103 пати