Парискиот бренд за обувки Apologie е основан пред само една година, а веќе има армија од обожавателки. Дизајнерскиот тим на брендот одлучи да ја проши својата понуда, со дизајнирање на чанти во облик на јаболко со златна нијанса на ливчиња и синџир. Црна, виолетова, портокалова, црвена, сина и боја на малина, тоа се боите што ќе може да ги изберат купувачите на ова парче впечатлив аксесоар.

-Ми се допаѓа идејата за торба во вид на накит која одлично прилега со малиот црн фустан, изјавува дизајнерката Оливија Когнет.

Во случајот Шарлот Олимпија доби конкуренција, со тоа што и двата бренда ја делат истата страст кон необичниот дизајн.

 

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци