Како оваа сезона да носите свилена марама во косата?

3 април 2017

Со доаѓањето на топлите денови, дојдоа и многу нови супер идеи и трендови кога е модата во прашање. Еден од нив е дефинитивно трендот на стилизирање на косата со свилени марами кој ги освои девојките ширум светот.

Покрај тоа што свилените марами се навистина шик, тие ѝ даваат и една посебна, ретро димензија на секоја комбинација.

Она што е супер е тоа што можете да ги носите во различни пригоди како на пример во секојдневните комбинации за на работа, за излегување, па дури и за некои свечени прилики каде едноставниот црн фустан ќе го украсите со марама со некој посебен принт.

Без разлика дали сакате косата да ја носите права и пуштена, лежерна и виткана или пак собрана во некое опавче или пунџа, свилената марама секогаш ќе остави посебен впечаток.

За гламурозен изглед секогаш можете да се инспирирате од прекрасната и единствена Брижит Бардо како најголема обожавателка на свилените марами, а бројни идеи денеска ќе најдете и на социјалните мрежи, особено на профилите на познатите светски блогерки.

Во галеријата погоре погледнете ги најинтересните начини како оваа топла сезона можете да ја носите вашата омилена марама врзана во коса! 

Објавено:
3 април 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.667 пати