Истите оние масивни, плетени торби налик на кошници што ги носиме во урбаното секојдневие, се актуелни и како торби што може да ги носиме на плажа. Практични и шик, имаат двојна и тоа како корисна функција.
Во таков фазон се актуелните тенденции кога се во прашање торбите наменети за на плажа.

Преовладуваат беж, земјени тонови надоградени со по некој детаљ во интензивна боја, како што се ресите или написите со интересни пораки.

Актуелни се трапезоидните, но и кружните форми со кратки и долги рачки.

Покрај плетените, исто толку популарни се предимензионираните, транспарентни торби изработени од PVC.

Ако сакате торбата да ја усогласите со вашиот аутфит, тогаш ќе наидете на такви со различни принтови, како на пример точки или пруги, што и оваа сезона се аплицирани на облеката за на плажа и костимите за капење.

 

Објавено:
7 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.156 пати