Концизноста и универзалноста во апликациите на торбите како и моделот на пакет–вреќа торба, спортските ранци и патните торби се жешкиот момент оваа сезона. Едноставните „tote“ торби за шопинг одбиваат да ја напуштат листата на актуелни машки торби со зрак на посериозна комплексност и декорација во дизајнот. Повеќето модели имаат долги рачки за носење околу рамо.

Популарните чанти „massenger“ станаа поголеми и ја изгубија својата ригидна форма, моделот на вентил или е во минимум варијанта или е потполни отсутен.

Чантите и рачните патнички торби се сеуште присутни. Машката мода во однос на чантите дава израз на груби, правоаголни и триаголни форми во класичен и спортски стил.

Машките „clutch“ торби, паричниците, торбите за мобилна технологија се во мода. Да се обрне внимание на благите форми и моделите направени од текстурни материјали како рептил кожа, материјал со принт, велур, кадифе, ткаените, природни материјали.

Во однос на боите дадете предност на „fancy“ неонската боја, жолтата,црвената, азурно плавата, портокаловата и зелената во комбинација со материјали со геометриски принтови – ленти  и неизбежно актуелноста на металниот сјај.

 

Објавено:
20 мај 2013
Категорија: 
Модни додатоци