Француската модна куќа Кензо која е основана во далечната 1970 година, оттогаш па до денес постојано  нуди интересни колекции и парчиња што инстантно стануваат тренд. Сега, Кензо има нов подвиг. Воедно, станува збор за производство на постелнина, инспирирана од уличната мода.

 

Чаршави, перници, крпи и наметки за во бања, кои имаат интересен дезен што пред се потсетува на оној што го имаат и  колекциите  облека. Отсега и вашиот кревет може да „носи“ бренд. Што се однесува на цените, тие се движат од 40 долари за навлака на перница, до 1000 долари за дупла постелнина за спална соба.

 

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци