Новата линија накит на пејачката Кеша Роуз за брендот Чарлс Алберт дефинитивно е една од најнепредвидливите колекции кои ќе ги видите оваа сезона. Кеша важи за ѕвезда чиј стил негува еклектични мотиви и варира во крајности. Свој моден белег вметнува и во новата колекција на накит реализирана во соработката со Чарлс Алберт. Пејачката одбра да соработува со овој бренд, бидејќи веќе некое време неговите парчиња накит и се омилени.
„Го носам накитот на Чарлс Алберт, веќе неколку години и слободно можам да кажам дека сум опседната со нивните уникатни парчиња. Забавно ми е да носам толку оригинални и масивни парчиња накит“, изјави дивата.
„Не знаев дека ова партнерство ќе побуди толку силни чувства кај мене, се додека не почнавме вистински да соработуваме. Што се однесува до естетскиот дел имаме навистина слични визии. Процесот на дизајн беше мошне забавен, ја открив неверојатната магија на бои и чудни камења. Бев како дете кое открива еден нов свет, се радува и игра наоколу“, заклучува Кеша.
Оваа линија на накит на пазарот ќе се појави во август оваа година и нуди многу интересни дизајни на накит кои ќе успеат да го привлечат сечие внимание. Целата колекција е со премини и варијабли од нежно романтична до парчиња опсипани со мотиви од рок култура, како и креативни изданија на фосилни остатоци од животни. Моден мозаик на парчиња накит кои совршено ќе се вклопат со вашиот стајлинг, ќе го надоплнат изгледот и ќе го збогатат вашиот стил.