Ким се појави со најскапата чанта на светот на фудбалски натпревар

31 јули 2023

 

Ким Кардашијан уште еднаш го привлече вниманието на сите, овој пат благодарение на најскапата чанта на светот, која ја понесе со себе на фудбалски натпревар.

Ријалити ѕвездата отпатува дури до Осака Јапонија, каде го следеше натпреварот помеѓу ПСЖ и Ал-Наср.

Ким секогаш знае како да биде во центарот на случувањата, а нејзината Хермес Хималаја Биркин чанта даде екстра доза на луксуз на навидум едноставниот аутфит.

Чантата инаку е една од најретките во светот, а изработена е од крокодилска кожа и дијаманти. Цената изнесува 100.000 долари, а нејзината вредност на проценува на 380.000 долари.

Тоа што е произведена во ултра лимитирана верзија ја прави уште попривлечна за модните ентузијасти, а освен Ким ваква Хермес Хималаја чанта поседува и Џенифер Лопез.

Кардашијан ја комбинираше најскапата чанта на светот, со боди од нејзината Скимс колекција и широки панталони од Баленсијага чија што цена е речиси 8000 долари.

Во 2018-та една ваква чанта обложена со 18 каратно бело злато и дијаманти се продаде на аукција во Лондон за неверојатни 304.099 долари.

Фото: Instagram

Објавено:
31 јули 2023
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.198 пати