Најпознатата модна блогерка на светот, Кјара Ферањи поголемиот дел од летото го помина на прекрасни плажи и места на кои промени повеќе од десетина модели на костими за капење. 

Судејќи според фотографиите што таа ги објавува на Инстаграм, нејзината колекција костими за капење е навистина фасцинантна, а дел од истата се најразлични модели и бои. 

Првата дестинација од која оваа трендсетерка го започна летното патување, беше Грција и фантастичниот Миконос. 

По неколкудневниот престој во Грција, Кјара продолжи да ужива во нејзината родна Италија, конретно на Сардинија. 

Во екот на летните одмори, ние денеска ви презентираме неколку од нејзините најубави костими за капење, колку за инспирација. 

Објавено:
28 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.342 пати