Ако сè уште не си купивте костим за капење за ова лето, тогаш имаме супер инспирација и предлог за вас. Веќе знаете дека ако познатите блогерки облечат некое супер парче, тогаш тоа веднаш станува хит на социјалните мрежи, а така е и со овие костими за капење.
Станува збор за костими со романтични дезени, односно аплицирани 3Д цвеќиња кои се најубавите додатоци што сме ги виделе во скоро време.
Истите се изработени на Сардинија, од каде потекнува брендот La Reveche чии дизајнери ги создаваат овие прекрасни парчиња.
Можете и сами да заклучите дека најголема инспирација им е медитеранскиот начин на живот, а нивните костими симболизираат сонце, море и воопшто, живот на остров.
Најпродаван костим за капење од брендот е оној во бела нијанса со длабок V израз на грбот, дополнително украсен со прекрасни цветови.
Нивните модели се толку прекрасни што можете да ги носите и со фармерки или пак некое здолниште, а со истите дефинитивно ќе бидете и највпечатлива на плажа.
Извор и фото: Modamo.info