Модни комбинации со костими за капење
•
21 јули 2021
Низ годините се смени и изгледот на костимите за капење, па сега има модели кои изгледаат како парче облека кое можете да го носите во повеќе пригоди.
Имајќи го тоа на ум, ние пронајдовме комбинации со костим за капење кои можат да бидат идеални за летен одмор, но и за некое вечерно излегување или средба со пријателките.
Во ваков контекст, одлично изгледаат едноделните костими за капење, особено оние на едно рамо, но и костимите за капење кои изгледаат како топ - на врзување, со карнери, корпи итн...
Најчесто се комбинираат со здолништа, широки панталони, шорцеви или мини здолништа, како и различни модели на фармерки.
Ако ви недостасува инспирација , ние ќе ви помогнеме. Погледнете ги предлозите во продолжение: