Како да бирате костим за капење ако имате големи гради?

2 јули 2018

Жените многу често не се задоволни од својот изглед. Тие што имаат права коса, би сакале да имаат кадрава, а тие со кадрава да им е права, трендот за нагласени облини и усни сè уште трае.

Сепак, и на жените со облини не секогаш им е лесно. Конкретно денеска зборуваме за тоа како да бирате костими за капење доколку имате големи гради и на што да внимавате.

Изборот посебно го отежнува тоа што S, M или L големините не се стандардни, па честопати лутаме од продавница до продавница барајќи ја соодветната. Исто така, проблем е ако требате да купите комплет, а горниот и долниот дел не соодветствуваат. Затоа:

1. Ако имате поголеми гради горниот и долниот дел од костимот за капење купувајте ги одделно. Исто така, најдобро е да купувате костими за капење достапни во големини кои се применуваат за долна облека, бидејќи тоа многу ќе ви ја олесни потрагата. Како и градникот и костимот за капење би требало да има корпи со жица.

 

2. Костимите за капење со прерамки се одличен избор. Колку се пошироки, толку подобро, бидејќи повеќе ќе ги држат градите. Опција се и моделите со дупли прерамки. Она што не би го препорачале е модели чии прерамки се врзуваат за вратот. Со тоа не му правите услуга ниту на вратот, ниту на градите, кои нема да изгледаат воопшто привлечно.

3.Како што ви е потребна потпора во предниот дел, така е значајна и онаа на грбот. Костимите за капење што се врзуваат на грбот или имаат само една трака, не се најидеалниот избор. Верувале или не, оние што наликуваат на маици се идеален избор за дамите со големи гради. Можеби не се најидеални за сончање, но ако се анализира изгледот, удобноста, практичноста - овој модел ги надминува сите други.

 

4. Што кога сакате едноделен костим за капење, а имате големи гради? Да, можете да си дозволите и таква опција, бидејќи генерално, нема на кој не му стојат едноделните костими. Сепак, она на што треба вие да внимавате е да биде модел кој ќе содржи корпи со жица, во спротивно, ефектот и удобноста нема да бидат на посакуваното ниво.

Објавено:
2 јули 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.715 пати