Култната клач чанта на Gucci се враќа на сцената

5 септември 2023

Брендовите од високата мода честопати знаат да актуелизираат култни чанти давајќи им модерен шмек.

Така, Gucci оваа есен се реши да ја врати популарната Horsebit клач чанта и тоа во неколку варијанти.

Класична и елегантна, а во исто време модерна и минималистичка, таа е совршен кандидат да биде „statement“ елементот за сезоната што следи.

Нејзиното враќање на сцена се случува по 20 години, а за прв пат беше претставена во 2003-та година.

Сега по две децении имаме нова модерна верзија којашто доаѓа во разни бои и принтови, вклучувајќи го и препознатливиот монограм.

Horsebit дизајнот во форма на лепеза, заедно со големиот детаљ инспириран од јавачката опрема се враќа во подобро издание од било кога.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by gucci

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chiara Ferragni (chiaraferragni)

Фото:Gucci, Instagram 

Објавено:
5 септември 2023
Категорија: 
Модни додатоци