Летна колекција сандали од H&M – удобноста е женствена и шик

2 мај 2018

Удобните и пријатни за носење сандали, истовремено може да бидат женствени и шик. Новата летна колекција сандали од H&M е пример како сандалите со елегантна и женствена префинетост, истовремено може да бидат и удобни.

Удобноста на оваа нова летна линија се препишува на добро осмислениот дизајн, што вклучува елегантни дебели, средно високи потпетици или пак рамни платформи.

Кломпите се актуелни и оваа сезона, а не се исклучени ниту во оваа летна колекција на H&M, чиј избор воодушевува со инвентивните принтови, бои и материјали.

Елегантните сандали со ременчиња се непогрешен избор за различни прилики, а во оваа колекција на H&M ќе ги најдете во нијанси на беж, црвени, жолти, црни...

Погледнете дел од изборот во галеријата во продолжение.

Објавено:
2 мај 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.832 пати