Удобни сандали во елегантни комбинации

9 јули 2015

Миксот на кежуал и елегантен изглед оддамна е наше секојдневие. Поентата е да не ја жртвуваме удобноста и пријатното чувство во сопствената кожа на сметка на елеганцијата и женственоста.

Напротив, да се биде елегантна и женствена е пред се' карактер и држење, а не висока потпетица по дифолт. Затоа, и ниските и удобни сандали доколку соодветно се стилизираат со елегантен фустан или здолниште, добиваат сосема поинаква димензија.

Модната куќа Елена Лука за оваа  сезона дизајнираше летни сандали кои сосема се вклопуваат во урбаната стилска слика на модерните девојки и жени.

Сандалите се на ниска платформа, изработени од висококвалитетна кожа во црна и бела варијанта, со елегантни ременчиња околу глуждот,  а внатрешноста е обложена со златна боја со висок сјај.

Во продолжение ви посочуваме неколку различни примери како да ги комбинирате дизајнерските сандали со елегантни фустани со должина до колена, што исто така го носат потписот на Елена Лука.

 

 

 

Објавено:
9 јули 2015
Категорија: 
Тренд