Лимитирана колекција чанти на Кара и Малбери за кинеската Нова година

18 февруари 2015

Како подарок за кинеската Нова година, модниот бренд Малбери создаде лимитирана колекција на малку поинаква верзија од познатата чанта што неодамна ја креираше Кара Делевињ.

Овојпат, мини чантичката на Кара доби совршен кинески финиш со малиот симбол на 2015 – тата година.

Лимитираната колекција на чанти беше изработена од исклучителните изработувачи во фабриката на брендот во Самерсет, Англија. Во колекцијата се сместени вкупно 88 мини Кара чантички, а истите се достапни во неколку селектирани продавници на брендот.

Дел од колекцијата се и осум мали кожени чантички за подароци за кинеската Нова година, кога симболично и традиционално се подаруваат пари.

Колекцијата чанти на Кара Делевињ за Малбери за прв пат и беше претставена на јавноста пред точно една година, откако брендот подолг период ја најавуваше соработката.

Истата беше прикажана на модната недела во Лондон, а во неа обожавателките на брендот и на познатата манекенка можеа да најдат шик модели чанти од кои најголемо внимание привлекоа оние во корално сина и смарагдно – зелена нијанса, но и со војнички принт, кој Кара го обожава.

Со оваа соработка од модната куќа се обидоа да го зголемат профитот што беше во апсолутен пад по неколку неуспешни кампањи минатата година.

Во продолжение, погледнете го процесот на изработка на новата верзија од чантите на ИТ девојката Кара Делевињ за Малбери.

Објавено:
18 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци