Љубовна колекција од Parfois – кул модни додатоци
•
11 февруари 2019
Љубовта е вечна инспирација. За својата нова колекција, со тематски предзнак за претстојниот Ден на заљубените – Валентин, Parfois ја најде инспирацијата во љубовните вибрации прераскажани преку неодоливи, шарени парчиња модни додатоци.
Ова е линија во која ќе наидете на совршен избор на подароци што со себе носат љубовни пораки.
Марами со разиграни мотиви, чанти, паричници и очила во форма на срце, дневник со кул дезен, комплет на прстени и ланчиња – целата колекција е во знакот на љубовта.
Па и ако не сте во врска, удоволете си себе си и подарете си едно парче љубов од новата колекција на Parfois.