Манго папучи со панделка – нова опсесија на трендсетерките
•
3 јули 2017
Сатенските папучи со панделка што Манго ги промовираше во рамките на својата летна колекција за 2017 година, инстантно станаа вирален хит меѓу трендсетерките.
Тоа што се лежерни, а истовремено и навистина впечатливи и со универзален дизајн што овозможува лесно да се комбинираат, е причина плус зошто беа брзо распродадени.
Актуелната сезона на летни одмори е вистински период за овој пар папучи да прошетаат низ атрактивните летни дестинации, а на Инстаграм веќе може да видиме и како познатите стилски девојки ги комбинираат.
Меѓу нив и познатата модна блогерка Chamille Charriere, која честопати ги имплементира во своите летни аутфити во бохо фазон.