Тренд: Костуми во сите варијанти, бои и принтови
•
12 септември 2016
Од класичните „мажествени" до оние сатенските што наликуваат на пижами, костумите оваа сезона ќе се носат во сите можни варијанти.
Уште еден показател за овој тренд што и есенва ќе доминира, е уличната мода за време на модните недели во Стокхолм, Копенхаген и Њујорк, каде улиците беа преплавени со инвентивни аутфити во кои секако беа вклучени и омилените комбинации со костуми.
Оваа есен особено популарни ќе бидат костимите во „пижама" фазон и ќе се комбинираат и со патики и со дамски, високи потпетици. Класичните костуми со строг минималистички крој се незаменливи, а есенва ќе ги комбинираме со спортски маички со натписи, со крзнени детали, салонки и мини чанти.