Женски одела – ултимативен тренд во Милано

27 септември 2017

Од улиците на Милано, каде неодамна заврши модната недела, имаме старо-нов ултимативен тренд што ќе биде актуелен и оваа есен-зима сезона.

Станува збор за женските одела во сите можни варијанти. Во комбинација е целиот спектар на бои од пастелни до интензивни, споени со импресивно шарени принтови и различен избор на материјали како жакард, свила, твид...

Особено актуелен е моделот инспириран од 80-те години, со нагласени, широки рамена и панталони во лежерен крој.

Одлична инспирација за периодот што следува...

Фото извор: buro247.hr

 

Објавено:
27 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
691 пати