Блузи и кошули на врзување – трендот продолжува и есенва

11 август 2017

Кошулите и блузите на врзување се навистина благодарно парче облека, затоа што може да го комбинираат жени со различна телесна конституција, а да изгледа како скроено за нив. Притоа се комбинира и со здолништа и со џинс, во кежуал или елегантни варијанти, па никогаш нема да ви недостига идеја како да го имплементирате во вашиот аутфит.

Со оглед на тоа дека остануваат меѓу најпопуларните парчиња и во претстојната сезона, кошулите и блузите на врзување ќе ги имаме во различни модели и варијанти: во цветни принтови и такви со пруги, со макси широки ракави или голи рамена, во фазон на кимоно или кошула-фустан...

Функционираат идеално и како деловна облека, па воопшто не се двоумете дали да ги споите со омиленото „молив" здолниште или класични панталони за на работа.

Фото извор: buro247.hr

 

Објавено:
11 август 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.004 пати