Фустани за есенски свечености

5 октомври 2017

Ако есенва ви претстои некоја семејна свеченост или друга посебна прилика, веројатно прво помислувате на фустан, кога е во прашање вашиот стајлинг. Иако постојат бројни други солуции, исто толку соодветни на таквите прилики, сепак некако фустанот е првата асоцијација.

Доколку сепак наместо свечен комбинезон, дводелна или повеќеслојна комбинација или здолниште со топ, сепак се одлучите за фустан, ние ви предлагаме неколку интересни варијанти на фустани, што истовремено се елегантни и женствени, а сепак впечатливи и во кроеви што лесно се адаптираат на различна телесна конституција.

Оваа есен особено се актуелни фустаните од кадифе, на преклоп, но секогаш треба да ги имате во предвид и елегантните едноставни кроеви во монохроматски комбинации што важат за безвременски.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
5 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.628 пати