Кошула-фустан за секоја прилика

4 април 2017

Едно од оние тренди парчиња што во нашиот стил може да ги примениме мултифункционално, се омилените кошула-фустани.

Може да ги носиме врз џинс, како кимоно, со ремен околу струк, како романтична варијанта за на кафе со пријателките, во класична црно-бела комбинација за деловен состанок или врз кошула-фустанот да облечеме елек или бомбер јакна.

Тенденцијата кошула-фустан останува ултра популарна и годинава, а ги освои нашите симпатии пред се поради тоа што лесно може да се стилизира во сечиј имиџ и во меѓувреме одлично прилега на различни типови телесна градба.

И оваа сезона изборот е богат, од бохо кошула-фустани со флорални мотиви до милитари варијанти.

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.604 пати