Додатоците се клучни елементи за комплетен стајлниг. Тие се „сјаен светилник“ на надеж за вашата облека посебно во есенските и зимските денови. Модните трендови за есен 2013 кога се однесува на накитот, за кој во продолжение ќе посветиме внимание на ѓерданите, се движат од минималистички па се до премногу масивни што веќе имаат нов необичен начин на носење.Тој нов момент е и носењето на ѓерданите над косата, со тоа што се добива сосема поинаков визуелитет.
Премногу големи и масивни синџири
Елементите на панк и хип-хоп споени во класичниот синџир веќе ви се познати, но овие синџири бидете сигурни дека ќе бидат најмодерни за оваа есен-зима. Во сива или златна нијанса, стилизирани со парчиња материјал низ нив, овие ѓердани се задолжителниот накит од вашиот изглед.
Минимална и модерна
За сосема поинакво расположение, модниот бренд Селин ви предлага минималистички накит, кој во својата структура содржи многу малку елементи. Она што е впечатливо во овој накит се измешаните златна и сребрена метална нијанса во едно.
Максимално панкерски
Овој вид на ѓердани изгледаат богато, но се за личности што храбро можат да го износат ова парче накит. Можеби изгледа пренападно но во некоја едноставна комбинација на облека а посебно еднобојна ќе ве направи да изгледате шик и се разбира во тек со трендовите.
Ѓердани со централни ленти
Овие ѓердани се многу слични на едноставните и масивни синџири, но комбинирани со централни летни кои се спуштаат под вашите гради. Сигурно се сеќавате дека долгите ѓердани извесна сезона не беа баш актуелни и повеќе внимание им се посветуваше на оние прилепени до вратот. Во секој случај добредојдено е нешто ново што индивидуално е дали ќе го поседувате или носите.