Брендот Haute Hippie лансираше колекција на масивни и впечатливи ѓердани, во различни форми, декорирани со синџири и кристали. Станува збор за рачно изработена колекција на накит, проект на артисти од Индија. Креативниот директор на брендот, Триш Вескот Паунд, колекцијата ја опиша како уметност, преточена во вистинско ремек дело.

Предноста на овие ѓердани е што може лесно да се вклопат за дневни и вечерни аутфити, а совршено стојат како на обични маици и блејзери, така и на корсети, кога сакате да го истакнете пределот на деколтето, токму со правилниот избор на накит. Ѓерданите во конкретниот случај изгледаат буквално како да се составен дел од изгледот, токму поради несекојдневниот изглед и фокусот насочен кон нив. Во продолжение, разгледајте ги уникатните модели на Haute Hippie и инспирирајте се за потрагата по еден таков.

Објавено:
26 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци