Микро моден свет – мини чанти за голем стилски ефект
•
14 јануари 2019
Мини чантите, особено оние со кратка рачка, се тенденција што продолжува да го краде внимането и годинава.
За нивната популаризација последниве неколку сезони, особено е заслужен младиот француски дизајнер Jacquemus, но своја верзија на овој популарен моден додаток имаат речиси сите луксузни модни брендови како Шанел, Миу Миу, Проенза Скулер...
Инфлуенсерките честопати ги комбинираат во своите стилски изданија, независно каква е нивната индивидуална естетика. Иако можеби нивната практична функција е во втор план, сепак естетскиот ефект што се добива со мини чантите е доволно впечатлив, до толку – да му даде поинаква димензија на вашиот изглед.
Издвоивме неколку модели што ќе бидат ИН годинава.