Must have: Шарени обетки за кул стајлинг
•
30 јануари 2019
Внесете малку повеќе забава и шаренило во вашите зимски аутфити. Тоа може да го направите и со минимален, а ефективен детаљ.
Нашиот предлог се овие супер кул, колоритни обетки од Parfois.
Може да ги носите со елегантен фустан и да му дадете дополнителна доза шарм или пак да го надополните вашиот секојдневен изглед со несекојдневен моден додаток.
Доколку преферирате минимализам, тогаш овие обетки ќе го освежат вашиот монохроматски изглед.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Обетки: Parfois
Модел: Миа Бошева
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука