Тренд аларм: Ретро комбинација со принт и розова шапка

23 јануари 2019

Оваа сезона некако се враќаме на ретро комбинациите и повторно обожаваме да мешаме принтови, па денешиот тренд аларм е посветен на некои прекрасни минати години.

Комбинацијата што денеска ви ја презентираме е составена од неколку шик парчиња што заедно изгледаат фантастично, а можете да ги носите и одделно и секако да бидат впечатливи.

Тесните панталони со едноставен крој и принт во темно црвена и бела боја ги комбинираме со лежерна кошулка во сличен принт со исти бои.

На ваквиот стајлинг му додадовме сребрени чизмички на потпетица за уште поретро изглед, а дополнително, акцент ставивме со оваа шармантна беретка во розова боја.

Што се однесува до шминката, секогаш сме за супер природни нијанси, додека фризурата повторно е едноставна, а обетките кружни и во неодолива златна нијанса.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Кошула, панталони, чизми, беретка: Mango

Обетки: Parfois

Модел: Миа Бошева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
23 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
853 пати