Иако пролетта сè уште не е официјално започната, времето е совршено за комбинирање на омилените лежерни парчиња со кои официјално се одлободуваме од џемперите.
Денеска ви предлагаме една супер стилска пролетна комбинација која е совршена за на работа, за кафе со пријателите, па дури и за некоја свеченост или семејна забава.
Истата е составена од плисирано здолниште со бела основа и интересен принт, а на истото му додадовме и кошула со копчиња и со панделка во предниот дел.
Оваа комбинација е доволно гламурозна за да оставите прекрасен впечаток каде и да се појавите и неверојатно елегантна за било кој состанок.
Ние истата ја комбинираме со сандали на висока потпетица, но можете и со некои шик рамни чевли или едноставни потпетици во крем или нежно розова нијанса.
Што се однесува до модните додатоци, комбинацијата дополнително ја украсивме со впечатливи алки и чантичка во неколку бои каде доминира светло кафената.
Оваа кмбинација е совршена за прекрасен старт на пролетната сезона во која знаеме дека секогаш уживате!
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Здолниште, кошула, чанта, чевли: Mango
Модел: Мартина Давидовска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука