Must have: Тексас палто за сите пригоди оваа есен

30 септември 2019

Според прогнозите, уште само неколку дена сонце, па конечно доаѓа годишното време што не може, а да не го сакате.

Иако полна дождови, есента има посебен шарм што го носи со себе, особено поради топлите парчиња во чие комбинирање уживаме.

Она што мора да го имате во плакарот за почетокот на студената сезона дефинитивно е стилското тексас палто кое години наназад е вистински класик, а овојпат е со потпис на култниот бренд Levi’s.

Токму такво ви претставуваме денеска во нашата омилена, must have рубрика, а за истото знаеме дека веднаш ќе ги освои вашите симпатии.

Станува збор за тексас палто во светла нијанса со интересна јака обложена со крзно. Она што е супер е тоа што истото можете да го носите и во текот на зимата доколку одберете соодветна топла облека одоздола, бидејќи и внатрешниот дел е со крзно.

Носете го со џемперче или кошулка, комбинирано со фармерки со висок струк или пак кусо тексас здолниште во овој период додека времето сѐ уште е топло.

Без проблем комбинирајте и некое бело ролка фустанче одоздола за посебни пригоди, без разлика што палтото е навидум спортско.

Ова е дефинитивно парче во кое вреди да инвестирате во текот на студената сезона.

Објавено:
30 септември 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
974 пати