Преку рака
Ова е омилениот начин на носење чанта кај славните личности додека бегаат од папараците а тоа укажува на моќ и големо самопочитување. Така ја носите чантата како да е орден на вашата чест. Вие се чувствувате супериорни и непобедливи, вели Вуд.
Носите повеќе чанти наеднаш
На вас имате една чанта на рамо и една во вашата рака? Изморени сте и исцрпени од брзање, а самото тоа покажува дека сте отсутни и дека ви е тешко да се фокусирате, објаснува Пети.
Слободни раце и чанта на рамо
Девојките кои ја носат чантата на рамо за да им бидат слободни рацете, покажува дека свесно покриваат некој дел од своето тело или облека. Тоа е корисно, но може да направи и да изгледате како бубалица. А тоа го прават многу млади девојки.
Држење нанапред со двете раце
Обично во комбинација со срамежлива насмевка и прекрстени нозе, ваквиот начин на носење на торбата покажуава како да сакате да ја заштитите вашата чанта од крадец, а ако ја држите така во текот на романтичен состанок, тоа е зашто се чувствувате чудно и незнаете кон каде води разговорот, вели Пети Вуд.