Најубавите украси за коса за празничните комбинации

28 декември 2015

Доколку веќе ја одбравте вашата комбинација за новогодишната ноќ, сега е вистинско време да се посветите на модните додатоци.

Покрај чевлите и чантата, исклучително важен е накитот, а оваа година особено украсите за коса како едни од омилените на девојките.

Ако одбравте едноставно црно фустанче, украсете го со најубавите ленти за коса што сезонава ги нуди речиси секој high street бренд како Манго, H & M и многу други.

Најпопуларни за оваа сезона се златните пердуви со црно сатенско ремче што одлично ќе се вклопат во секоја ваша новогодишна комбинација.

Во галеријата инспирирајте се за последните предновогодишни набавки на најубавите аксесоари.

Објавено:
28 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.931 пати