Накит во стилот на Арт Деко
•
24 јуни 2013
Претходно ви ја доловивме атмосферата од џез забавата на Гувернерските острови во Њујорк каде присутните мораа да се придржуваат на упатствата за дрес код од Арт Деко. Во тој контекст во продолжение ќе ви го презентираме уникатниот накит инспириран од дваесетите години на минатиот век.
Впечатливи бразлетни, обетки, огрлици и прстени со дијаманти и бисери со необични форми и ланчиња со скапоцени камења. Ова е само краток опис на колекцијата накит од Арт Деко, а уникатните парчиња можете да ги погледнете во галеријата.