Направи сама: Трансформирај ги подзаборавените сандали

3 мај 2014

Набрзо доаѓа периодот кога затворените обувки ќе ги скалдираме, а најприменливи ќе бидат отворените сандали, како рамни така и оние на потпетица. Обувките не ретко ја држат главната улога од аутфитот, затоа тие имаат голема важност и при селекцијата. Во продолжение ќе погледнете како постариот модел на сандали може да го модифицирате само со едноставни цветни шнолички за коса. Разбранувајте ја вашата креативност и тргнете најпрво по вакви шноли, а потоа побарајте го вашиот подзаборавен чифт кој може лесно да се модифицира во нов.

 

 

 

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци