Прстените ги има во три нијанси, црна бела и сива, а можете да бирате модели во комбинација со едно или две топчиња. Во зависност од дизајнот, прстенот може да биде изработен од сребро, оникс и слонова коска, а ваквите прстени сигурно ќе им го привлечат вниманието на сите оние дами кои сакаат уникатни, необични и неконвенционални модни додатоци.

Ова е само дел од понудата на дизајнерката за накит Саскиа Дијаз, која исто така изработува и алки, ѓердани и обетки во свој препознатлив стил.

Објавено:
24 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци