Нина Ричи ви порачува: комбинирајте различни обетки

27 септември 2014

Француската модна куќа Нина Ричи на Париската модна недела ги прекрши правилата во однос на комбинирањето обетки. Па така на писта публиката имаше можност да види интересна-шик комбинација на две различни форми. Моделите на писта носеа впечатливи обетки од кои едната е во масивна форма додека другата е дискретна. Извесен период уличната мода и познатите наметнаа тренд на носење масивна обетка на едно уво, додека сега Нина Ричи ви препорачува да комбинирате две различни обетки но слични по сензибилитет.

Доколку во вашата домашна колекција накит имате дузина обетки од кои едната сте ја изгубиле, сега е вистинското време да и најдете замена но не со иста, туку со некоја слична. Изгледа одлично и уникатно, затоа побарајте од обетките што веќе ги поседувате и направете компактен спој.

Објавено:
27 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци