Нов тренд на чевли – принтот со очи е апсолутен хит кај модните додатоци

23 јуни 2014

Последно во низата новитети е употребата на принтот со очи на чевлите. Во продолжение ќе ви понудиме осум различни модели од различни брендови.

Пјер Харди црни сандали со впечатливи очи на предниот дел може да се набават на страната на Net-a-Porter по цена од 865 долари.

Лофлер Рендал бели рамни сандали со впечатливо око во сина нијанса, по цена од 195 долари.

Кјара Ферагни пар чевли со око кое намингува. Интересен концепт на чевли кои може да се купат по цена од 259 долари .

Моделот Ancient Greek сандали со принт со очи по цена од 129 долари.

Криси Морис беж салонки со впечатливо око на предниот дел по цена од 985 долари.

Николас Кирквуд сомотски мокасинки со шпицести врвови и принт со око на предниот дел по цена од 698 долари.

Аперлај кратки чизми на висока потпетица по цена од 633 долари.

Фенди понуди интересен модел на балетанки со овој принт по цена од 296 долари.

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци