Капсулната колекција ќе биде составена од шест модели дизајнирани специјално за овој бренд и ќе биде пуштена во продажба од септември во 12 различни продажни салони, како и онлајн шопови .
„Оливија е неофицијална амбасадорка на брендот. Постојано носи наши модели, па пред година дена почнавме да ја договараме соработката за лансирање на чевли кои ќе бидат креирани според идеите на Палермо, во комбинација со стилот на Aquazzura“ – изјави Едгар Осорио.
Моделите ќе вклучуваат чизми над колената, сандали со кристали инспирирани од винтиџ ѓерданот на Палермо, гладијаторки, чевли со вештачка велур кожа и со змиски принт. Цената на чевлите ќе се движи од 600 до 1625 долари, а Оливија изјавила дека конечно пронашла идеална комбинација на стил, квалитет и цена која и одговара.