Официјална објава од линијата обувки на Оливија Палермо

14 август 2014

Очекуваните  најнови модели на обувки дизајнирани од познатата трендсетерка Оливија Палермо  заедно со брендот Aquazzura,  веќе го видеа светлото на денот. Капсулната колекција е сочинета од 12 модели и вклучува салонки, сандали и чизмички до глужд. Линијата на обувките е женствена и елегантна, а дел од моделите се во змиски принт, украсени со врвки и светкави детали.

-Не е тајна дека јас сум голем обожавател на високите потпетици, а се надевам дека на многу девојки и жени ќе им се допадне она што го сработивме со мојот пријател Едгар Осорио. Јас уживав додека се создаваа, а уживањето секако ќе биде надополнето со тоа што јас ќе ги имам на моите стапала, но и други љубителки на беспрекорната естетика на обувките, изјавува Палермо.

Капсулната колекција официјално ќе биде пуштена во продажба од месец септември на at Net-a-Porter, а цените ќе се движат од 600 до 1625 долари.

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци