Британскиот модел Попи Делевињ во соработка со италијанскиот бренд за чевли Aquazzura креираше колекција обувки за која сите зборуваат.

Вљубеничките во обувки несомнено ќе ја обожуваат.

Во колекцијата се обединети осум стила, а како вели Британката, се инспирирала од нејзините патувања, фасцинацијата од сонцето, месечината и ѕвездите...

-Отсекогаш сум ѝ се восхитувал на Попи и го сакам нејзиниот стил – сосема англиски со микс на ексцентричност и шик. Сакавме да го фатиме стилот на нејзината венчавка во Мароко – мистична и романтична, а сепак да ја интерпретираме на шармантен и британски начин. Кога ја започнав, веднаш ја засакав; носеше Aquazzura чевли, а нивниот спој ми изгледаше одличен – вели Едгардо Осорио, ко-сопственик и креативен директор на Aquazzura.

Токму таков е и резултатот. Елегантен, шармантен и со бохо нота.

-Секој пат кога ќе излезе нова колекција, сè повеќе ме привлекува естетиката на овој бренд. Обожувам да ги носам нивните обувки. Секогаш има доза на хумор во нив. Креирањето на моја сопствена капсулна колекција беше остварување на сон. Се надевам дека ќе им донесе радост на оние што ќе ги носат обувките, колку и мене – изјави Попи Делевињ.

Објавено:
17 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.073 пати