Оливија Палермо е новиот партнер на Томи Хилфигер

13 мај 2015

4782-1

Модната трендсетерка Оливија Палермо е подготвена за следниот моден предизвик. На покана на дизајнерот Томи Хилфигер, Палермо и нејзиниот сопруг ќе бидат гости-уредници за оваа сезона.

Се работи за тоа дека познатата двојка ќе ја има честа да ги селектира нивните омилени парчиња од летните комбинации на овој моден бренд, по што тие ќе креираат ексклузивен состав што потоа ќе се најде во продавниците на Томи Хилфигер ширум светот.

-Јоханес и јас сме многу возбудени и почестени што ќе работиме со Томи, еден од најголемите американски дизајнери. И двајцата отсекогаш сме го сакале стилот со потпис на Томи Хилфигер. Тој знае како да ги комбинира класиката со модерното и кул и да направи перфектен спој. Горди сме од оваа соработка и можност да ги стилизираме дизајните на оваа дизајнерска куќа, со наша визија – вели Палермо.

Ги чекаме резултатите од оваа соработка. А во продолжение погледнете дел од фотосесијата на Оливија и Јоханес за познатиот бренд.

Olivia-Palermo-Tommy-Hilfiger-Spring-Summer-2015-Fashions-Shoot-001

Olivia-Palermo-Tommy-Hilfiger-Spring-Summer-2015-Fashions-Shoot-002

Olivia-Palermo-Tommy-Hilfiger-Spring-Summer-2015-Fashions-Shoot-003

Објавено:
13 мај 2015
Категорија: 
Актуел