Нова соработка меѓу Надал и Томи Хилфигер

18 декември 2014

Томи Хилфигер и Рафаел Надал склучија договор за тој да биде новото заштитно лице на линијата за долна облека. Сигурни сме дека голем број припаднички на понежниот пол се во исчекување на фотографиите, на кои тенисерот ќе позира во боксерски, но ќе треба да бидат трпеливи до лансирање на есенската кампања за 2015 година.

Надал ќе снима кампањи за двата бренда на Хилфигер во Шпанија и ќе присуствува на настани во Америка, Европа и Азија. Во соопштението до медиумите, Надал изјавил дека отсекогаш ја ценел работата на модниот дизајнер и дека бил возбуден за новата соработка. Исто така, Томи Хилфигер не штедел зборови за тенисерот истакнувајќи – „ Ова ексклузивно партнерство вклучува соработка со еден од најдобрите атлети во светот. Надал негува стил, кој се вклопува со дизајнот кој ние како бренд го негуваме. Самоуверен е и забавен“. Наскоро очекуваме едиторијал од новата соработка

Објавено:
18 декември 2014
Категорија: 
Актуел