7-ма лимитирана едиција на чантата Томи Хилфигер

6 октомври 2013

 

Модната куќа Томи Хилфигер со задоволство ја објавува континуираната соработка со Breast Health International, која седма година по ред успешно се реализира и вклучува лансирање на нова чанта во лимитирано издание. За кампањата позираат супермоделите кои ги одбележаа 90-тите години Клаудија Шифер и Наоми Кемпбел, а се фотографирани од страна на Патрик Демаркелиер. Чантата ќе биде достапна во сите продавници на Томи Хилфигер низ Европа, САД, Канада и Азиско-пацифичкиот регион почнувајќи од  1-ви октомври.

 

 

„Навистина сум горд на соработката со Breast Health International. Секоја година, нашата лимитирана верзија на чанти овозможува кај нашите фанови и клиенти да се подигне свеста за мода и претставува начин на кои можеме да собереме средства кои нормално ќе помогнат некому. Отсекогаш сум им се восхитувал на уникатните стилови на Клаудија и Наоми, а Патрик Демаркелиер е иконски фотограф, кој знае да го улови вистинскиот момент, во вистинско време на вистински начин“, вели Томи Хилфигер.

 

 

„Да бидам дел од оваа кампања е од големо значење за мене. Кога мојата мајка се разболе од рак на дојка, можев да ги почувствувам на своја кожа тешкотиите со кои морав да се соочам, а ги предизвикува оваа болест“, рече Наоми.

 

 

„Јас сум задоволна од соработката со Томи, Патрик и Наоми. Се надевам дека оваа кампања ќе ја поттикне свеста кај луѓето за рано откривање на оваа страшна болест и ќе им помогне на многу жени и семејства ширум светот“, изјави Клаудија.

 

 

Чантата за 2013 година е со средна големина. Направена е од италијанска кожа и естетски ја задржува класичната форма на чанти кои се препознатливи за оваа модна куќа. Многу е функционална бидејќи има и внатрешни прегради но и надворешни, како и специјални џебови за мобилен телефон и клучеви, а патентите се во златна боја која дава совршен контраст на сината и црвената нијанса и прави чантата да изгледа аристократски.

Добар процент од продажбата на чантите ќе оди за Fund For Living програмата.

 

 

„Навистина сме почестени поради соработката со Томи Хилфигер која продолжува седма година по ред и сме неизмерно благодарни за неговата непоколеблива посветеност кон нашата кауза“, заклучи Шели Шварц, основачкиот претседател на Breast Health International.

Во продолжение погледнете го сублиматот од тоа како се снимаше кампањата, дел од атмосферата зад сцената, готовите фотографии, видеото и уживајте:

 

 

Објавено:
6 октомври 2013
Категорија: 
Актуел