Диор не ја менува својата муза - Џенифер Лоренс

21 февруари 2014

Соработката помеѓу модната куќа Диор и Џенифер Лоренс продолжува. Таа уште еднаш ќе биде заштитно лице на прекрасните Miss Dior чанти.

Позната актерка, не само што го ќе ја продолжи соработката со модната куќа Диор, туку на црвениот килим по повод најголемата филмска манифестација „Оскар“, ќе облече нова тоалета со потписот на брендот.

Првичните фотографии на Патрик Демаркелиер за новата кампања на Miss Dior се веќе објавени, а на нив по трети пат ја гледаме убавата Џенифер Лоренс. Нејзината физиономија и изглед според Раф Симонс се спој на идеалност, симпатичност и грациозност. Нејзината искреност, спонтаност и професионалност само го потврдуваат фактот дека оваа етикета го направила вистинскиот избор земајќи ја под своја закрила.

 

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Актуел