Џенифер Лоренс е доследна на Диор

17 ноември 2014

Модната куќа дефинитивно ја продолжува соработката со Џенифер Лоренс за новата фотосесија на модната куќа, во која акцентот е ставен на минимализмот и монохроматиката, со избор на масивни модни додатоци и накит. Актерката на сликањето, кое се одвиваше во фото студио, пристигна свежа по завршувањето на промото за „The Hunger games – Mockingjay, Part I“ и позираше пред објективот на Даниел Џексон, со стајлинзи направени од Симон Робинс. Според Раф Симонс, природната убавина на Лоренс е пресудна за вклопување во визијата на модната куќа, а фотографиите само го потврдуваат тој факт.

Преземено од Buro 24/7

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Сцена