2014-та е најплодна година за Џенифер Лоренс
•
29 декември 2014
Крајот на годината е период кога се сумираат успесите, неуспесите, случувањата, но и заработката. Токму кон тоа се соочи американската верзија на магазинот „Форбс“, па покрај оние најбогатите ја посочи и ѕвездата што оваа година остварила најголем финансиски подем. Тоа е Џенифер Лоренс.
Оваа година младата актерка заработе повеќе од половина милијарда долари, за што придонесоа улогите во The Hunger Games: Mockingjay, X-Men: Days of Future Past.
Сепак, на главната листа на најплатени актери во Холивуд, таа го зазема седмото место.