Џенифер Лоренс ќе потпишува мултимилионски договор со Диор?!

28 јануари 2014

Договорот кој би бил потпишан помеѓу холивудската актерка и париската модна куќа би бил „тежок“ од 15 до 20 милиони долари. Ова не би било никаков изненадување бидејќи Лоренс од 2012 година е амбасадор на Диор, носејќи нивни фустани на разни настани, односно на доделувањето на SAG наградите, доделувањето на Оскарите и Златните глобуси.

Раф Симонс бил импресиониран од улогата на глумицата во „Hunger Games“, начинот на кој се трансформира за потребите на некоја улога и воопшто нејзиното присуство на црвените килими.  Иако сеуште нема официјални податоци кои потврдуваат за потпишувањето на мултимилионскиот договор помеѓу Диор и Лоренс, сепак тоа не го менува фактот дека тие имаат успешна соработка и дека модната куќа би сакала и понатаму да има екслузивно право во облекувањето на актерката за разните гала настани.

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Актуел